• четврток, 21 ноември 2024

Двајца морнари на американската морнарица уапсени под обвинение за споделување тајни со Кина

Двајца морнари на американската морнарица уапсени под обвинение за споделување тајни со Кина

Вашингтон, 3 август 2023 (МИА) - Двајца морнари на американската морнарица се уапсени под обвинение дека и предале чувствителен материјал за национална безбедност на Кина, соопштија денеска американските власти.

Вчера е приведен 22-годишен припадник кој служел на брод во Сан Диего под обвиненија поврзани со шпионажа, вклучително и заговор за пренесување информации на кинеските официјални лица кои влијаат на американската национална одбрана.

Друг припадник на морнарицата е уапсен во поморската база на округот Вентура северно од Лос Анџелес. Тој е обвинет за заговор и примање поткуп од кинески претставник. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан