• понеделник, 25 ноември 2024

Двајца загинати и повеќе ранети во нападот во Виена, потврди полицијата

Двајца загинати и повеќе ранети во нападот во Виена, потврди полицијата
Виена, 2 ноември 2020 (МИА) - Еден минувач и еден напаѓач загинаа, а поголем број се повредени за време на вечерашниот напад во Виена, изјави вечерва портпаролот на полицијата Харалд Серес. Серес рече дека полицијата успеала да убие еден осомничен за вооружениот напад во центарот на Виена, а кај него била пронајдена „долга цевка“. Што се однесува до идентитетот на убиениот, тој рече дека истрагата е во тек и дека не може да каже ништо за тоа, ниту за позадината на нападот, кој започна околу 20 часот. Полицискиот портпарол рече дека имало шест места каде се пукало во близина на улицата каде што се наоѓа синагогата во Виена. Здружението на виенски болници соопшти дека 15 повредени лица биле донесени во болниците, од кои седум тешко повредени. Серес потврди дека има многу повредени, тешко повредени, меѓу кои и еден полицаец. Тој посочи дека полициската акција сè уште трае и апелираше до граѓаните да не ги напуштаат своите домови, како и оние кои се наоѓаат во угостителски објекти да не излегуваат до понатамошно известување. паг/    

Остани поврзан