• среда, 25 декември 2024

Двајца возачи повредени во сообраќајка на патот Струмица-Валандово

Двајца возачи повредени во сообраќајка на патот Струмица-Валандово

Струмица, 18 јануари 2024 (МИА) - Двајца возачи се повредени во сообраќајката што се случи вечерва на патот Струмица-Валандово, на делницата кај селото Костурино.

Според првичната информација од портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајката учествувале автомобили марка „фолксфаген“ и „пежо“, а двајцата возачи биле пренесени во струмичката болница, каде им се извршуваат неопходните прегледи и снимања.

Заради незгодата и вршењето увид, сообраќајот на регионалниот пат село Костурино-Валандово беше во прекин за сите видови возила повеќе од еден час, од 19:30 часот. рт/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан