• понеделник, 25 ноември 2024

Двајт Јорк седнува на клупата на Тринидад и Тобаго

Двајт Јорк седнува на клупата на Тринидад и Тобаго

 

Лондон, 2 ноември 2024 (МИА) – Поранешниот прославен напаѓач на Манчестер Јунајтед, Двајт Јорк (52) е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Тринидад и Тобаго.

Ова за Јорк ќе биде втор ангажман во кратката тренерска кариера во која беше на клупата на австралискиот клуб Мекартур од јули 2022 до јануари 2023 година.

Јорк е роден во Канан на островот Тобаго, а на 17 години се пресели во англискиот клуб Астон Вила. Во клубот од Бирмингем остана осум години, а потоа 14 години го носеше дресот на Манчестер Јунајтед.

Го носеше дресот и на Блекбурн, Бирмингем, Сиднеј и Сандерленд.

За репрезентацијата на Тринидад и Тобаго забележа 72 настапи и постигна 19 години, а како капитен ја водеше репрезентацијата на Светското првенство во 2006 година, единственото на кое оваа карипска земја учествуваше досега.

„Со нетрпение очекувам да работам со оваа талентирана и тесно поврзана група играчи“, порача Јорк во објава на сајтот на Фудбалската асоцијација на Тринидад и Тобаго. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан