• недела, 22 декември 2024

Дваесет и пет мигранти загинаа во бродолом во близина на Сирија

Дваесет и пет мигранти загинаа во бродолом во близина на Сирија
Дамаск, 22 септември 2022 (МИА) - Најмалку 25 лица загинаа во близина на брегот на Сирија кога брод со мигранти од Либан се преврете, објавија сириските државни медиуми.
Ова е една од најсмртоносните несреќи откако се поголем број Либанци, Сиријци и Палестинци почнаа да бегаат од кризата што го зафати Либан.
Според сириската државна телевизија, која ја пренесува изјавата на началникот на сириското пристаниште генерал Самера Куброслија, 25 лица загинале во несреќата.
Тој додаде дека 15 преживеани биле згрижени во болницата во градот Тартус и дека повеќето од нив се Либијци и Сиријци, а некои од нив се без лични документи.
Не е познато колку луѓе биле на бродот и каде патувал бродот, додека крајбрежната стража и натаму трага по телата.
Илјадници Либанци, Сиријци и Палестинци го напуштија Либан со бродови во последните месеци во потрага по подобри можности во Европа. паг/

Остани поврзан