• петок, 27 декември 2024

Дачиќ: Зошто Србија би уривала нешто што самата го градела и финансирала

Дачиќ: Зошто Србија би уривала нешто што самата го градела и финансирала

Белград, 1 декември 2024 (МИА) - Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека српското МВР со згрозување ги отфрла сите напади од Приштина за наводната вмешаност на Србија во нападот на каналот Ибар-Лепенец, јави дописникот на МИА од Белград.

Министерството за внатрешни работи на Република Србија со згрозување ги отфрла сите напади од Приштина за наводна вмешаност на Србија во нападот на каналот Ибар-Лепенец. Тоа е дел од однапред смислен план да се нанесе меѓународна штета на Србија од една страна, како и да се користи како изговор за напад и малтретирање на Србите од друга страна“.

„Подготвени сме да и помогнеме на истрагата, но потсетуваме дека Приштина одбива секаква соработка со нас во борбата против криминалот и тероризмот, како што е наведено во меѓународните документи, со посредство на КФОР, УНМИК и ЕУЛЕКС.

-Во вакви ситуации секогаш се поставува прашањето за мотивот, затоа нападите од Приштина ја разобличија целта, а тоа е напад на Србија. Оти ​​зошто Србија би  уривала нешто што самата го градела и финансирала, рече Дачиќ. об/

Остани поврзан