• недела, 22 декември 2024

Дарио Ивановски и Греса Бакраги победници на 10 километри на третиот маратон „Рун -Гевгелија 2023“

Дарио Ивановски и Греса Бакраги победници на 10 километри на третиот маратон „Рун -Гевгелија 2023“

Велес, 5 ноември 2023 (МИА) - Дарио Ивановски од Скопје со време 30,16 минути и Греса Бакраги од Косово со време 34,54 минути на 10 километри први пристигнаа на целта и освоија златна медала и златен пехар на 3-от маратон „Новембер Рун-Гевгелија 2023“ што денеска се одржа на улиците на Гевгелија со старт и цел во центарот на градот. 

Времето на Дарио Ивановски воедно беше и нов рекорд на 10 километри на  оваа веќе традиционална маратонска трка низ гевгелиските улици. Воедно Дарио Ивановски со оваа денешна трка  го освои и првото место од Државниот првенство на пат на 10 километри, а Адријана Поп Арсова која беше втора на денешниот маратонот 10 километри, но прва од македонските натпреварувачи го освои првото место од Државното првенство на пат на 10 километри.

Маратонот го организира Општина Гевгелија и АК „7 ноември“ и ,под покровителство  на Атлетската федерација на Македонија која денешната маратонската трка на 10 километри воедно ја прогласи и за трка од Државното првенство.

-Патеката на Гевгелискиот маратон е лиценцирана патека од Светската Атлетска федерација и има добиено сертификат за прецизност и сите резултати се објавени на нивната официјална веб страна. Главен спонзор на трките  беше гевгелиската фирмата „Риви дизајн“, информира за МИА, Игор Коцевски, претседател на АК „7 Ноември“ од Гевгелија.

-На денешниот маратон имаше вкупно 2300 учесници од  кои на 5 и 10 километри,учествуваа 1100 натпреварувачи во машка и женска конкуренција меѓу кои и 60 натпреварвачи од 16 странски земји со што Гевгелискиот  маратонот е воедно  меѓународен. Како и Втора трка беше  со  1126 учесници  во детската трка која беше на 950 метри. Воедно се одржа и трката трка„Run together“ - „Трчаме заедно“ направена со Фондацијата „Ице Бегов“ на која можеше да учествува секој, а целта беше за подигање на свеста за потребите на лицата со посебни потреби, а која трка немаше натпреварувачки карактер, информира Коцевски.

Второто место во трката на 10 километри го освои Урош Гутиќ од АК Борац од Бања Лука БИХ, а трет се пласира Мохамед Чабот од Мароко кој две години го освојува маратонот во Софија, Бугарија. Второпласирана во трката на 10 километри беше Адријана Поп Арсова од АК„ Делта“ и трета на целта пристигна Теа Божиновска од АК „Охрид Трчат“ од Охрид.

На трката на 5 километри во машка конкуренција прв беше Муџахид Мислими од „Ускана“ Кичево втор Гилман Јунузи, а трет Димитриос Ардалис од Грција. Кај жените прва е Анастасиа Пејчева од СЦ Хермес 2023,а втора  Радица Јованова од Триологи Актив Тим, а трета Тамара Попов од „Атомик“.

Дарио Ивановски најдобар во машка конкуренција на 10 километри и државен првак во маратон на 10 километри во изјавата за МИА, потенцира дека е презадоволен од овој успех,и истакна дека маратонот бил одлично организиран и имале одлична публика како поддршка.

-Пресреќен сум што кај нас се развива трчањето и маратони има во се’ поголем број градови во земјава. Се повеќе млади  се занимаваат  со овој спорт,а ние како а ние веќе искусните атлетичари и маратонци се трудиме да им оставиме добар впечаток за атлетиката и да ги подржиме да напредуваат во овој спорт, кој  кај нас е во подем, потенцира Ивановски.

Инаку денешната трка беше во рамките на одбележување на претстојниот празник 7 Ноември, Ден на ослободување на Гевгелија и Ден на Општина Гевгелија. ад/сх/

Фото: МИА

Остани поврзан