Дан: Романија поддржува дополнителни санкции кон Русија
- Романија го поддржува усвојувањето на дополнителни санкции против Русија, напиша претседателот на Романија, Никос Дан на платформата Икс
Букурешт, 4 септември 2025 (МИА) – Романија го поддржува усвојувањето на дополнителни санкции против Русија, напиша претседателот на Романија, Никушор Дан на платформата Икс.
Тој денеска преку видеоврска учествуваше на Самитот на Коалицијата на подготвените, што се одржа во Париз.
Имавме многу добра и смислена дискусија, со која претседаваа (францускиот претседател) Емануел Макрон и (британскиот премиер) Кир Стармер. Ја ценам напорната работа и напредокот во постигнувањето цврсти гаранции за безбедноста на Украина, посочи Дан, додавајќи оти трансатлантското единство и координација „се наша силна страна во однос на Русија“.
Дан го поздрави учеството на претставниците на САД на денешниот состанок. ми/
фото: MIA arhiva