• недела, 22 декември 2024

Данска ќе организира референдум за учество во европската одбранбена политика

Данска ќе организира референдум за учество во европската одбранбена политика
Копенхаген, 7 март 2022 (МИА) - Данска на 1 јуни ќе одржи референдум за учество во заедничката европска одбранбена политика, по руската инвазија на Украина, речиси 30 години откако Данците одлучија да останат надвор од таа шема на Европската унија, најави синоќа данската премиерка. Кога рускиот претседател Владимир Путин ја започна инвазијата на Украина, данските пратеници повикаа на зголемување на буџетот за одбрана и укинување на изземањето од Заедничката безбедносна и одбранбена политика на Европската унија (CSDP). - Се надеваме дека сите Данци ќе го поддржат“ укинувањето на тоа изземање, кое традиционално ја држи таа скандинавска земја, членка на НАТО, надвор од политиката на Унијата во воениот домен. - Историските моменти бараат историски одлуки, рече Мете Фредериксен на прес-конференција на која повика на укинување на изземањето, кое е во сила речиси 30 години. Во 1992 година, Данска доби изземање од некои политики на Европската унија, вклучувајќи го и воведувањето на еврото и европската одбранбена и безбедносна политика, откако го отфрли Договорот од Мастрихт. Добиените исклучоци и овозможија на владата да организира нов референдум една година подоцна, на кој Данците рекоа „да“. Зголемување на одбраната се планира и за следната година за да се постигне целта на НАТО за издвојување 2 отсто од БДП за одбраната, најави премиерката. Копенхаген, исто така, ќе настојува, што е можно поскоро, „да стане независен од рускиот гас“, додаде таа. Најавениот референдум ќе биде деветти за европски прашања откако земјата влезе во ЕУ во 1972 година. ссм/

Остани поврзан