• недела, 22 декември 2024

Данска ќе и даде на Украина дополнителни 777 милиони евра

Данска ќе и даде на Украина дополнителни 777 милиони евра

Копенхаген, 12 септември 2023 (МИА) - Данска ќе и даде на Украина дополнителни 5,8 милијарди круни (777 милиони евра), главно наменети за финансирање на опрема за противвоздушна одбрана, муниција и тенкови, соопшти денеска данското Министерство за одбрана.

„Со цел Украина да продолжи да се брани од илегалната инвазија на Русија, од суштинско значење е земјите како Данска да ја задржат својата воена и економска поддршка... Ова го правиме денес со најголемиот финансиски придонес на Данска досега“, изјави министерот за одбрана Трелс Лунд Поулсен.  

Донацијата, што се однесува на период од три години, е 12-та од Данска и опфаќа тенкови, борбени возила на пешадија, тенковска муниција и противавионски топови. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан