• недела, 22 декември 2024

Данската морнарица надгледува кинески брод по оштетувањето на каблите во Балтичкото Море

Данската морнарица надгледува кинески брод по оштетувањето на каблите во Балтичкото Море

Копенхаген, 20 ноември 2024 (МИА) - Откако беа оштетени два кабли во Балтичкото Море, а Шведска и Финска објавија дека започнуваат истрага за саботажа, данските одбранбени сили денеска соопштија дека го следат кинескиот брод Ји Пен 3.

-Ние сме во областа во близина на кинескиот брод, изјави данското Министерство за одбрана.

Товарниот брод кој е во сопственост на кинеска компанија поминал вчера вечерта во теснецот Категат, кој се наоѓа помеѓу Данска и западниот брег на Шведска, објави специјализираната веб-страница „Marinetraffic“.

Бродот се наоѓал во близина на областа каде што кабелот што ја поврзува Финска со Германија бил оштетен пред два дена, иако немало докази кои директно го инкриминираат, според веб-страницата „Marinetraffic“. Пред четири дена беше оштетен и уште еден телекомуникациски кабел што ја поврзува Шведска со Литванија.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус веќе изјави дека причината за штетата секако била саботажа. „Никој не верува дека овие кабли се исечени случајно“, рече тој.

Шведскиот министер за цивилна одбрана Карл-Оскар Болин вчера изјави дека вооружените сили и крајбрежната стража на земјата откриле движења на бродови што одговараат на прекин на два телекомуникациски кабли во Балтичкото Море. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан