• недела, 22 декември 2024

Дани Роуз се изјасни против продолжување на првенството во Англија

Дани Роуз се изјасни против продолжување на првенството во Англија
Лондон, 12 мај 2020 (МИА) – Одбранбениот фудбалер на Тотенхем, Дани Роуз, се изјасни против продолжување на сезоната во Премиер лигата сè додека не се подобри ситуацијата со коронавирусот во земјата. Вчера се дозна дека британската влада ја продолжува забраната за спортски настани до 1 јуни. Управата на Премиер лигата е склона да ја продолжи сезоната следниот месец. - Владата вели дека фудбалот треба да започне одново затоа што ќе има позитивен ефект врз моралот на нацијата. Не ми е гајле за моралот на нацијата. Човечкиот живот е во опасност. Прашањето за враќање на фудбалот не може да се постави сè додека бројот на заразени со коронавирус значително не се намали, изјави Роуз за „Гол“. зс/

Остани поврзан