• недела, 14 април 2024

Даниел Редклиф и Ерин Дарк го очекуваат првото дете

Даниел Редклиф и Ерин Дарк го очекуваат првото дете

Лос Анџелес, 27 март 2023 (МИА) - Британскиот глумец Даниел Редклиф, можеби најпознат како Хари Потер од филмскиот серијал филмови заснован на книгите на Џ.К. Роулинг, го очекува своето прво дете со долгогодишната партнерка, пет години повозрасната Ерин Дарк.

Претставник на Редклиф ја потврди веста во саботата, па така 33-годишниот британски актер и неговата американска колешка ќе станат родители по првпат. Дарк, родена во американската сојузна држава Мичиген, е веројатно, најпозната по улогата во серијата „Бунтот на добрата девојка“ (Good Girl Revolt), а неодамна се појави и во „Чудесната г-ѓа Мајзел“ (The Marvelous Mrs. Maisel).

Двојката се запознала на снимањето на филмот „Убиј ги своите драги“ (Kill Your Darlings) во 2013 година.

Редклиф е актуелен со главната улога во биографскиот филм „Wird: The Al Yankovic Story“, приказна за животот и кариерата на комичарот-имитатор „Чудакот“ Ал Јанковиќ.  си/сд/

Фото: ЕПА.

Остани поврзан