• понеделник, 22 јули 2024

Даниела Стојановска – Пановска е нова пратеничка на местото на Зеќир Рамчиловиќ

Даниела Стојановска – Пановска е нова пратеничка на местото на Зеќир Рамчиловиќ

Скопје, 10 јануари 2023 (МИА) – Професорката во средно училиште Даниела Стојановска – Пановска од СДСМ е нова пратеничка во Собранието на Република Северна Македонија. Мандатот на новата пратеничка беше констатиран на денешната 67.седница на Државната изборна комисија.

Стојановска – Пановска, која беше следна од листата на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 3, доаѓа на местото на пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, кој е именуван за амбасадор во Црна Гора.

Дитмире Шеху, потпретседател на Државната изборна комисија истакна дека ДИК издаде уверение за избраниот пратеник Даниела Стојановска – Пановска. фф/ев/

Остани поврзан