• петок, 22 ноември 2024

„Данас“: Отворен нов случај против српскиот министер за финансии Синиша Мали поради сомневање за плагијат

„Данас“: Отворен нов случај против српскиот министер за финансии Синиша Мали поради сомневање за плагијат

Белград, 30 ноември 2023 (МИА) - Комитетот за професионална етика на Универзитетот во Белград поведе нова постапка за утврдување на неакадемско однесување против министерот за финансии на Србија Синиша Мали поради сомневање за плагијат на докторска дисертација.

„На седницата одржана на 17 ноември, а врз основа на уреден предлог на ректорот на Универзитетот во Белград, Одборот за професионална етика донесе одлука за поведување на постапката, која заедно со предлогот ќе и биде доставена на спротивната страна “ беше наведено во одговорот на Универзитетот на прашањето на весникот Данас во која фаза е постапката против Мали.

Како што пишува Данас, постапката сега се води според Деловникот за работа на Одборот за професионална етика од 2007 година, бидејќи првичното барање за разгледување на наводите за плагијат од страна на Синиша Мали е поднесено во 2014 година.

„Одлуката на Одборот ќе биде донесена во разумен рок, со почитување на принципите пропишани со закон“, одговорија од Универзитетот во Белград на прашањето на Данас кога може да се очекува одборот да ја заврши својата работа. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан