Далот за загубеното финале во ЛЕ: Боли да гледаш навивачи во таква состојба
- Одбранбениот фудбалер на Манчестер јунајтед, Диого Далот е разочаран по поразот на тимот во финалето на Лига Европа од Тотенхем (0:1).
Манчестер, 22 мај 2025 (МИА) – Одбранбениот фудбалер на Манчестер јунајтед, Диого Далот е разочаран по поразот на тимот во финалето на Лига Европа од Тотенхем (0:1).
- Болно е да се гледаат навивачите во оваа состојба. Тие беа со нас секој пат по неуспешни резултати и тешка сезона. Тие не го заслужуваат тоа, а ако тоа не ве боли, ако не го чувствувате тоа, тогаш не треба да бидете овде. Тешко е да се прифати дека не бевме во можност да освоиме трофеј што би им донел радост на натпреварот, изјави Далот.
За Манчестер јунајтед ова е втор пораз во низа во финале на Лига Европа. Пред четири години Јунајтед загуби од Виљареал на пенали.
По 37 кола во Премиер лигата, Манчестер јунајтед е на 16. место во поредокот со 39 бодови. зс/
Фото: ЕПА