• четврток, 26 март 2026

Давеник во Охридското Езеро во близина на Струга

Давеник во Охридското Езеро во близина на Струга

Струга, 20 јули 2025 (МИА) - Маж од селото Волино, општина Дебарца вчера се удавил во водите на Охридското Езеро во близина на Струга, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, во 16 часот и 30 минути, во ОВР Струга било пријавено дека, во водите на Охридското Езеро на струшкото крајбрежје, било забележано безживотно машко тело.

- По преземени мерки и извршен увид, констатирано е дека се работи за K.И.(49) од селото Волино, општина Дебрца кај кого, екипа од Итната медицинска помош, констатирала смрт без траги на насилство, изјави портпаролот Стефан Димоски.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција. сс/лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан