• четврток, 26 март 2026

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

Њујорк, 22 август 2025 (МИА) – Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш ситуацијата во Појасот Газа ја опиша како „катастрофа предизвикана од човекот, морално обвинение и неуспех на самото човештво“ “.

Неговата изјава уследи по објавувањето на извештајот на Меѓународниот систем за безбедност на храната (ИПЦ), во кој првпат официјално е прогласен глад во делови од палестинската енклава.

Гутереш на платформата Икс објави дека условите во Појасот Газа наликуваат на „живот во пеколот“.

Тој наведе и дека окупаторот, според меѓународното право, има обврска да гарантира снабдување со храна и лекови.

- Не можеме да дозволиме ова ситуација да продолжи неказнето, посочи Гутереш. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан