• понеделник, 23 декември 2024

Гутереш: Потребна е универзална здравствена покриеност без одлагање

Гутереш: Потребна е универзална здравствена покриеност без одлагање

Сан Франциско, 7 октомври 2020 (МИА) - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш објави дека пандемијата на коронавирусот покажала дека земјите треба да ги засилат своите напори да обезбедат универзална здравствена покриеност без одлагање.

-Сите треба да научиме тешки лекции од оваа криза, рече тој во видео порака.

Гутереш предупреди дека една од овие лекции е дека недоволното инвестирање во здравствената заштита може да има разорно влијание врз општествата и економиите

Универзалното здравствено покритие е една од целите на ОН за одржлив развој до 2030 година.

Гутереш истакна дека пандемијата, која однесе животи на повеќе од 1 милион луѓе ширум светот, покажа дека тоа не треба да се одложува.

- Не можеме да чекаме 10 години. Ни треба универзално здравствено покритие, вклучително и за менталното здравје, рече Гутереш.

Во извештајот со препораки, ОН забележува дека сите луѓе мора да имаат пристап до здравствена заштита и дека таа мора да се обезбеди и покрај трошоците. паг/

Остани поврзан