• недела, 22 декември 2024

Гутереш остро го осуди денешните руски напади врз Украина

Гутереш остро го осуди денешните руски напади врз Украина

Њујорк, 8 јули 2024 МИА) –Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ги осуди денешните руски напади врз неколку градови во Украина во кои загинаа најмалку 33 лица, вклучително и напади врз болниците, и ги нарече „особено шокантни“.

- Извршувањето напади врз цивили е забрането со меѓународното право, а тој тип на напади е неприфатлив и треба веднаш да се прекине, се вели во денешното соопштение на портпаролот на првиот човек на ОН.

Тој конкретно ги именуваше погодените медицински центри, вклучително и важна детска болница.

Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк, исто така ги осуди „грозоморните напади“ во кои „сериозно беа оштетени одделите за интензивна нега, хирургија и онкологија на болницата Охматдит, најголемата детска болница во Украина“.

- Меѓу жртвите беа најболните деца во Украина, рече тој и додаде: „Одвратно е, ги повикувам луѓето да направат се што е во нивна моќ за веднаш да ги запрат овие напади“.

Во голем руски ракетен напад ширум Украина денеска загинаа најмалку 33 лица, а 154 се повредени, соопштија официјални лица, при што еден проектил погодил голема детска болница во главниот град Киев.

Украинските безбедносни служби соопштија дека болницата била директно погодена од руска крстосувачка ракета, додека руската војска, пак, соопшти дека штетата е предизвикана од пад на украинска противвоздушна ракета. јт/

Остани поврзан