Гутереш: Океаните не смеат да станат „Див Запад“
- Океаните не смеат да се претворат во „Див Запад“ каде што се истребуваат морските видови, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, пред делегатите на меѓународната конференција за океаните што се одржува во Ница.
Ница, 9 јуни 2025 (МИА) – Океаните не смеат да се претворат во „Див Запад“ каде што се истребуваат морските видови, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, пред делегатите на меѓународната конференција за океаните што се одржува во Ница.
Ова предупредување тој го упати во момент кога претседателот на САД, Доналд Трамп, сака еднострано да почне активности за развој на наоѓалишта на природни ресурси во меѓународните води на Тихиот Океан.
- Големите морски длабочини не можат да се претворат во Див Запад. Се надевам дека ќе можеме да ја вратиме состојбата, дека ќе можеме да го замениме ограбувањето со заштита, додаде Гутереш.
Непосредно пред него, францускиот претседател Емануел Макрон упати повик за мораториум на експлоатацијата на морските длабочини, при што неговиот повик засега е поддржан од триесетина земји.
На Конференцијата на ОН за океаните во Ница, која ќе трае до петок, присуствуваат лидери и претставници од 130 земји. Клучни теми во дискусиите се загадувањето на океаните со пластика, проширувањето на морските заштитени подрачја во меѓународните води и контроверзното длабокоморско ископување на минерали.
Франција и Костарика се домаќини на настанот. јт/
Фото: ЕПА