• недела, 22 декември 2024

Гутереш: Неприфатлива е неодговорноста за убиствата на персоналот на ОН и хуманитарците

Гутереш: Неприфатлива е неодговорноста за убиствата на персоналот на ОН и хуманитарците

Њујорк, 12 септември 2024 (МИА) - Недостигот на одговорност за убиствата на персоналот на Обединетите нации и хуманитарните работници во Појасот Газа е „целосно неприфатливо“, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Опишувајќи ја израелската одмазда против Хамас во Газа, Гутереш во интервју за Ројтерс рече дека имало „многу драматични случаи на кршење на меѓународното хуманитарно право и целосно отсуство на ефикасна заштита на цивилите“.

-Тоа што се случува во Газа е целосно неприфатливо, рече тој.

Според податоците на ОН, за време на конфликтот се убиени речиси 300 хуманитарни работници, што е повеќе од две третини од персоналот на ОН.

Гутереш рече дека треба да има ефикасна истрага и одговорност за нивната смрт.

Пред годишниот состанок на светските лидери на Генералното собрание на ОН во текот на овој месец, Гутереш изминатата година ја оцени за „многу тешка“.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан