• сабота, 23 ноември 2024

Гутереш: Мора веднаш да престанат борбите помеѓу Израел и палестинските милитанти

Гутереш: Мора веднаш да престанат борбите помеѓу Израел и палестинските милитанти
Њујорк, 20 мај 2021 (МИА) - Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека е неприфатливо што се уште трае конфликтот помеѓу израелските сили и милитантните групи, вклучително и Хамас. Тој нагласи дека „борбите мора веднаш да престанат“. - Длабоко сум шокиран од континуираното воздушно и артилериско бомбардирање од страна на израелските одбранбени сили врз Газа, потенцира Гутереш. Според официјалните податоци, во нападите загинаа повеќе од 200 Палестинци, од кои 60 деца. ми/

Остани поврзан