• понеделник, 23 декември 2024

Гутереш: Либан не смее да стане уште една Газа

Гутереш: Либан не смее да стане уште една Газа

Њујорк, 26 септември 2024 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш вчера изјави дека Либан не смее да стане уште една Газа и повика на прекин на непријателствата меѓу Израел и либанскиот Хезболах.

Да кажеме едногласно и јасно, престанете со убивањето и уништувањето. Отфрлете ја реториката и заканите. Исчекорете назад од работ. Целосната војна мора да се избегне по секоја цена, рече Гутереш пред 15-члениот Совет за безбедност на ОН.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан