• понеделник, 18 ноември 2024

Гутереш: Дипломатското решение во Украина нема алтернатива

Гутереш: Дипломатското решение во Украина нема алтернатива
Њујорк, 24 јануари 2022 (МИА) - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изразува загриженост поради континуираната ескалација на ситуацијата околу Украина и смета дека нема алтернатива за дипломатското решение, изјави официјалниот претставник на генералниот секретар Стефан Ѓујариќ. -Генералниот секретар на ОН останува загрижен за ескалацијата што ја гледаме. Го поздравуваме дијалогот на различни нивоа, со различни организации. На пример, преговорите во Нормандискиот формат во Париз, со НАТО, со ОБСЕ. За генералниот секретар, дипломатското решение нема алтернатива. ОН повикуваат на итни чекори за деескалација на тензиите и дипломатскиот процес да продолжи во духот на меѓусебното почитување и конструктивно решавање  на проблемите, го пренесе Ѓујариќ ставот на генералниот секретар на ОН. сд/

Остани поврзан