• петок, 20 декември 2024

Гутереш го повика Израел да ја преразгледа одлуката за ширење на еврејските населби на Западниот брег

Гутереш го повика Израел да ја преразгледа одлуката за ширење на еврејските населби на Западниот брег

Њујорк, 20 јуни 2023 (МИА) - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го повика Израел да го прекине спроведувањето и да ја разгледа, како што рече, алармантната и вознемирувачка одлука за ширење на еврејските населби на Западниот Брег, изјави заменик портпаролот на ОН, Фархан Хак, цитиран од британските медиуми.

„Генералниот секретар повтори дека еврејските населби претставуваат флагрантно кршење на меѓународното право. Тие се значајна пречка за реализација на одржливо решение со две држави и праведен, траен и сеопфатен мир“, се наведува во изјавата на портпаролот.

„Проширувањето на овие нелегални населби е сериозен извор на тензии и насилство и ги влошува хуманитарните проблеми“, рече Хак. сд/

фото:архива

Остани поврзан