• понеделник, 23 декември 2024

Гутереш: Голем број земји не ги почитуваат препораките на СЗО

Гутереш: Голем број земји не ги почитуваат препораките на СЗО
Њујорк, 3 декември 2020 (МИА) - Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш на специјалната сесија на Генералното собрание на ОН посветена на борбата против пандемијата со Ковид-19, истакна дека голем број држави сè уште не ги спроведуваат препораките на Светската здравствена организација (СЗО), што ги поткопува меѓународните напори за спречување на ширење на новиот коронавирус. - Од самиот почеток СЗО обезбедува фактички информации и упатства за научно управување, што станаа основа за координирана акција на глобално ниво. За жал, овие препораки беа игнорирани, истакна Гутереш. Тој додаде дека некои држави „продолжуваат да ги негираат фактите и да ги игнорираат препораките“ на СЗО. - И кога секоја држава ќе избере свој начин вирусот се шири насекаде, наведе Гутереш. ми/

Тагови

Остани поврзан