• петок, 22 ноември 2024

Гугл ќе плаќа за објавување на вести од АФП

Гугл ќе плаќа за објавување на вести од АФП
Вашингтон, 18 ноември 2021 (МИА) - Гугл и новинската агенција АФП постигнаа договор според кој интернет гигантот ќе плати за онлајн содржините на француската новинска агенција, кои се појавува во пребарувачот. Извршниот директор на АФП, Фабрис Фрис истакна дека договорот е признание за тоа колку се вредни информациите. - Договорот со Агенцијата Франс прес ја покажува нашата желба да најдеме заеднички јазик со издавачите и новинските агенции во Франција за прашањето на сродните права, наведе директорот на Гугл за Франција. Договорот е за период од пет години и е прв договор според Европската директива за авторско право и сродни права, во која е вклучена и новинска агенција. Гугл првично одбиваше да плати за повторно објавена содржина, но ја загуби тужбата пред Апелациски суд во Париз во октомври 2020 година. ми/

Тагови

Остани поврзан