• сабота, 21 декември 2024

Гувернер на Банката на Франција: Победата на Трамп „ги зголемува ризиците за глобалната економија“

Гувернер на Банката на Франција: Победата на Трамп „ги зголемува ризиците за глобалната економија“

Лион, 6 ноември 2024 (МИА) -  Победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори „ги зголемува ризиците за глобалната економија“, нагласи денеска директорот на Банката на Франција, Франсоа Вилероа де Гало.

Вториот мандат на Трамп ќе донесе „веројатно поголем протекционизам“ и зголемен буџетски дефицит на САД, рече Вилероа на конференцијата во Лион, југоисточна Франција.

Тоа „и ги зголемува ризиците за глобалната економија и потребата Европа да се ремобилизира“, рече Вилероа, член на Управниот совет на Европската централна банка, кој ја поставува монетарната политика за 20-члената еврозона.

Ветените повисоки увозни царини од страна на Трамп „ќе значат повисока инфлација, барем во САД, и најверојатно помал раст низ целиот свет“, рече Вилероа - додавајќи дека зголемената неизвесност исто така ќе влијае на растот.

„Американските избори мора да звучат како европски повик за будење“ по „долга дремка“, рече Вилероа.

Но, тој исто така истакна дека „Европа влегува во овој нов контекст со јасни слабости“, вклучително и „технолошка заостанатост“ и „политички поделби“. зш/

Остани поврзан