• понеделник, 23 декември 2024

Гувернерот на Калифорнија ги затвора плажите и парковите

Гувернерот на Калифорнија ги затвора плажите и парковите
Лос Анџелес, 30 април 2020 (МИА) - Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусам нареди од утре да се затворат сите плажи и државни паркови, откако луѓето минатиот викенд го преплавија брегот и покрај наредбата за физичко растојание за да се спречи ширењето на коронавирусот. Ерик Нуњес, претседател на Здружението на началници на полицијата на оваа американската држава, изјави дека меморандумот е испратен вчера за полицијата да има време да се подготви. Локалните медиуми јавуваат дека се зголемува притисок за олеснување на ограничувањата во оваа сојузна американска држава каде без работа останаа речиси четири милиони луѓе. Здравствените работници сепак предупредуваат дека ако нема физичко растојание може да дојде до нови инфекции и оти Владата мора да биде претпазлива при ублажување на мерките. Минатиот викенд, околу 80.000 луѓе се собраа на плажата Њупорт, јужно од Лос Анџелес, а уште илјадници се собраа на плажите северозападно од градот. јт/

Остани поврзан