• понеделник, 23 декември 2024

Грчко МНР: Раководството на Северна Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа и се враќа на дејствија што алудираат на иредентизам

Грчко МНР: Раководството на Северна Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа и се враќа на дејствија што алудираат на иредентизам

Атина, 28 јуни 2024 (МИА) – Раководството на Северна Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа. Дополнително, се враќа на дејствија од минатото кои алудираат на иредентистичко расположение и целосно непознавање на историјата, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во соопштението на грчкото МНР, „за прекршувањето на Договорот од Преспа од страна на раководството на Северна Македонија“, пишува дека министерот за надворешни работи на Грција „пред неговите колеги во рамките на Советот за надворешни работи веќе детално ги покрена соодветните прекршувања и ќе продолжи да го прави тоа“.

- Дополнително, прашањето се покренува на меѓународно ниво од страна на грчката Влада. Раководството на Северна Македонија секојдневно, сè повеќе се оддалечува од добрососедските односи што го претставуваат јадрото на европското законодавство и меѓународното право, пишува во соопштението од грчкото МНР. ср/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан