• петок, 05 декември 2025

Грчкото обвинителство одобри ексхумација на телото на загинат во железничката несреќа, чиј таткото штрајкува со глад пред Парламентот

Грчкото обвинителство одобри ексхумација на телото на загинат во железничката несреќа, чиј таткото штрајкува со глад пред Парламентот

Атина, 26 септември 2025 (МИА) – Обвинителството во градот Лариса одобрило ексхумација на телото на 22-годишниот Денис, еден од 57-те жртви во железничката несреќа кај Темпи на крајот на февруари 2023 година, по соодветното барањето доставено од неговиот татко Панос Руци, кој веќе 12-ти ден штрајкува со глад пред грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката од обвинителството се чини дека не го задоволила целоосно барањето на Руци затоа што, според грчките медиуми, се однесува само на ДНК идентификација на телото, а не и за спроведување токсиколошки анализи, како што било побарано.

Засега, Руци продолжува со штрајкот со глад.

Минатата седмица во разговор со дописничката на МИА од Атина рече дека и покрај заморот, нема да се откаже и ќе остане на Синтагма сè додека не биде задоволено неговото барање.

Во знак на солидарност во штрајкот со глад му се придружија и двајца граѓани, кои не се поврзани со несреќата и не се роднина на некој од загинатите.

На 28 февруари 2023 година при директниот суди на товарен и патнички воз кај месноста Темпи 57 лица. ср/ми/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан