• сабота, 21 декември 2024

Грчки суд ја укина одлуката за конфискување на иранската нафта од запленет танкер кај Евија

Грчки суд ја укина одлуката за конфискување на иранската нафта од запленет танкер кај Евија
Атина, 9 јуни 2022 (МИА) – Судот во Халкида ги прифатил приговорите на адвокатот на бродската компанија во врска со конфискувањето на нафатат што нивниот танкер „Лана“ ја пренесувал и од средината на април е закотвен на грчкиот остров Евија, објави „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Поради санкциите воведени од ЕУ и НАТО, грчките власти го запленија танкерот што плови под руско знаме, а нафтата беше префрлена во танкер изнајмен од САД, додека пак сега, одлуката се менува и според „Катимерини“ нафтата ќе треба да се врати назад. Медиумите во Грција коментираа дека со оглед на тоа што се работи за иранска нафта, насилната окупација на двата грчки танкери во Персискиот залив, всушност е одговор од Иран до Грција. „Катимерини“ пишува новата судска одлука веројатно ќе доведе до деескалација на тензиите меѓу Атина и Техеран, а со тоа и ослободување на двата грчки танкери. Сепак, портпаролот на грчката Влада Јанис Икононому потенцира дека станува збор за два одвоени случаи. -Пред сè ние не ги поврзавме двата случаи. Од прв момент беше целосно неоправдано и неиспровоцирано однесувањето на иранските власти кон грчките бродови. И второ, грчкото правосудство има докажано дека функционира независно врз основа на рамката, податоците и случаите за кои е повикано да одлучува, рече Иконому, одговарајќи на новинарско прашање на денешниот редовен брифинг со новинарите.ср/

Остани поврзан