• четврток, 21 ноември 2024

Грчки дипломатски извори до Рама: Почитувањето на правата на грчкото малцинство е предуслов за ЕУ перспективата на Албанија

Грчки дипломатски извори до Рама: Почитувањето на правата на грчкото малцинство е предуслов за ЕУ перспективата на Албанија

Атина, 4 ноември 2024 (МИА) – Историјата не се брише и го одржува живо барањето за целосно почитување на правата на грчкото етничко малцинство од страна на Албанија, посочуваат грчки дипломатски извори за медиумите во Грција, по ставовите на албанскиот премиер Еди Рама изразени во Солун за време на вчерашната негова средба со Албанци кои живеат во градот, јави дописничката на МИА од Атина.

Истите извори додале дека „ова претставува јасен предуслов за пристапниот процес на Албанија, според едногласниот став на 27-те земји-членки на ЕУ од 11 октомври 2024 година“.

Реакцијата доаѓа откако Рама, според грчките медиуми, коментирал дека фразата „Северен Епир“ што во Грција се користи за јужниот дел на Албанија каде што живее грчкото малцинство е „мртов термин“, се поврзува со „духови од минатото“ и дека „оној кој го користи овој термин кога зборува за југот на Албанија покажува дека не сака да живее во 21 век.“

Во рамки на серијата средби со албанската дијаспора, Рама вчера оствари уште една средба со Албанците од Грција, овој пат во Солун, откако во мај одржа митинг во Атина. ср/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан