• среда, 27 ноември 2024

Грчките власти кај Еврос спасиле 92 мигранти, кои биле целосно голи

Грчките власти кај Еврос спасиле 92 мигранти, кои биле целосно голи
Атина, 15 октомври 2022 (МИА) – Вкупно 92 мигранти целосно голи и без никаква опрема, вчера биле спасени на брегот на реката Еврос, од припадници на грчката граничната полиција во соработка со Фронтекс, соопштија од Министерството за цивилна заштита на Грција и додадоа дека „Турција продолжува со инструментализацијата на мигрантите“ и дека „провокацијата ги надмина сите граници“, јави дописничката на МИА од Атина. Според надлежното Министерство, мигрантите биле оставени на брегот, а рекле дека на грчка територија стигнале со пластични чамци. -Луѓето, како што самите ѝ изјавија на грчката полиција, со три возила на турските власти биле пренесени до Еврос, а потоа се качиле во пластични чамци за да преминат на грчка страна, соопштија од Министерството. Додадоа дека во исто време кога Грција „ефикасно ги штити своите граници, покажувајќи почит кон човечкиот живот, Турција продолжува да го игнорира не само меѓународното право, туку и основното човечко однесување“. Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис на неговиот официјален Твитер профил коментираше дека „однесувањето на Турција е срам за цивилизацијата“. -Очекуваме Анкара да го истражи инцидентот и конечно да ги заштити нејзините граници со ЕУ, напиша Митаракис на Твитер. ср/сд/

Остани поврзан