• четврток, 30 јануари 2025

Грчкиот Апелационен суд одлучи да биде екстрадира во Романија израелскиот бизнисмен Штајнмец

Грчкиот Апелационен суд одлучи да биде екстрадира во Романија израелскиот бизнисмен Штајнмец

Атина, 28 јануари 2025 (МИА) – Апелационен суд на Грција денеска одлучил израелскиот бизнисмен Бени Штајнмец, кој пред три месеци беше уапсен на атинскиот аеродром по издадена меѓународна потерница од романските власти, да биде екстрадиран во Романија, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, по пресудата, се очекува да биде издадена и наредба за апсење на Штајнмец, а израелскиот тајкун кој се занимава со рударството, енергетика, недвижностите и индустриите за ископување дијаманти, поднесе жалба по одлуката до Врховниот суд.

Меѓународната потерница од романските власти се однесувала на негово учество во криминална организација и по донесената пресуда во отсуство за купување на земјиште во периодот 2006-2008 година.

Според весникот „Катимерини“ адвокатот на Штајнмец, Ставрос Тојас, рекол дека новата разврска „покренува огромни прашања, бидејќи одлуката на Апелациониот суд во Атина е во спротивност со одлуката на истиот суд во 2022 година, која се однесува на истиот случај и истото барање на романските власти“.

Паралелно посочил дека поднеле жалба до Врховниот суд и изразил уверување дека „владеењето на правото ќе надвладее над методите и самоволието на романските власти“.

Штајнмец на средината на октомври на атинскиот аеродром пристигнал од Тел Авив со неговиот приватен авион, беше уапсен по издадена меѓународна потерница од романските власти, ден подоцна беше ослободен со кауција од 5.000 евра и забрана за излез од земјата.

Пред три месеци неговиот адвокат објасни дека потерницата од романските власти за екстрадиција „е прогласена за неважечка од Интерпол, Грција, Италија и Кипар“

Пред повеќе од една година бил уапсен и на Кипар врз основа на потерницата од романските власти, но и тогаш бил ослободен.

Штајнмец, во минатото според натписите во македонските медиуми бил еден од сопствениците на фабриката „Фени“, а новинарите од ИРЛ и ОССРП во нивното истражување откриле дека двапати истото лице со мала група негови пријатели, стои зад двојниот стечај на топилницата. ср/

Фото: The Jerusalem Post

Остани поврзан