• петок, 05 декември 2025

Грчката полиција разбила турски криминални групи активни во Грција

Грчката полиција разбила турски криминални групи активни во Грција

Атина, 21 август 2025 (МИА) – Шестмина државјани на Турција се уапсени во различни делови на областа Атика, поширокиот регион на Атина во акција на грчката полиција за разбивање на турски криминални групи активни во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од грчката полиција, операцијата ја спровел Секторот за борба против организиран криминал, а кај уапсените, меѓу другото, биле пронајдени и конфискувани пиштол, шаржер, четири луксузни возила, 34,5 грама суров канабис, девет мобилни телефони и 4.279,51 евра.

Според грчките медиуми, станува збор за членови на турската мафија, која е сè поприсутна во Грција, а доста често членовите на грчка територија ги расчистуваат нивните сметки. ср/сд/

Фото: Грчка полиција

Остани поврзан