• вторник, 24 декември 2024

Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Сиљановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија

Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Сиљановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија

Скопје, 12 мај 2024 (МИА) – Грчката амбасадорка Софија Филипиду, која ја следеше седницата на Собранието за инаугурација на Гордана Сиљановска-Давкова за претседателка на државата, ја напушти пленарната сала, во знак на протест поради тоа што Сиљановска-Давкова, при давањето свечена заклетва, не го употреби уставното име на земјава – Република Северна Македонија, туку користеше Македонија.

Ова прв го објави на „X“ пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Инаку, Сиљаноска давајќи заклетва не го употреби уставното име, туку рече Македонија. цр/

Фото: Принт скрин

Остани поврзан