• сабота, 14 февруари 2026

Грчката амбасадорка Филипиду во посета на „Сапорт Кочани“

Грчката амбасадорка  Филипиду во посета на „Сапорт Кочани“

Кочани, 13 февруари 2026 (МИА) - Во просториите на „Гнездо“ (@thenest_kocani), денеска членовите на иницијативата „Сапорт Кочани“ се сретнаа со грчката амбасадорка во Скопје Софија Филипиду и со нејзината заменичка Кристина Василату. 

Волонтерите на „Сапорт Кочани“ со гостинките од Грчката амбасада разговарале за идни проекти и иницијативи кои наскоро ќе бидат презентирани за Кочани.

-Се осврнавме и на можностите за заедничко дејствување во насока на подобрување на квалитетот на животот и градењето поздрав и посилен менталитет по трагедијата што го погоди нашиот град, стои во соопштението.

„Support Kocani“, како што се наведува, остануваат посветени на активна работа и иницијативи насочени кон долгорочно подобрување на животот во градот, особено за младите генерации кои живеат тука.

Волонтерите од Кочани досега во три наврати распределија донации за настраданите во „Пулс“ во висина од 3,1 милион денари.  ис/мд/

фото: „Сапорт Кочани“

 

Остани поврзан