• среда, 27 ноември 2024

Грција ќе надмине десет милиони аплицирани дози на вакцината

Грција ќе надмине десет милиони аплицирани дози на вакцината
Атина, 22 јули 2021 (МИА) – Портпролката на грчката Влада, Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите истакна дека се очекува вакцинациите да надминат десет милиони, а веќе 5.520.000 Грци да имаат примено барем една доза, а 4.730.000 ја имаат завршено вакцинацијата. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Пелони истакна дека е позитивен фактот што во изминатите седмици има зголемување на бројот на термини за вакцинација закажани од младите. За епидемиолошката состојба во земјата рече дека „во последните денови регистрирано е намалување на ритамот на зголемвање на новите случаи“, но сепак, потенцираше дека постепената доминација на Делта сојот не дозволува опуштеност. Во однос на Миконос, каде што во саботата беше воведен полициски час и забрана за музика во угостителските објекти, портпаролкатана грчката Влада рече дека „се чини дека ситуацијата се стабилизира“. Одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот протест против вакцините во центарот на Атина, Пелони истакна дека Владата ќе продолжи да се обидува да ги убеди да се вакцинираат дури и најскептичните и оние кои се плашат. ср/ми/

Остани поврзан