Грција, Србија, Турција и Белгија изборија место во елитната дивизија во Лигата на нации
- Фудбалските репрезентации на Турција, Грција, Србија и Белгија изборија настап во елитната дивизија во Лигата на нации, откако синоќа успешно ги комплетираа реванш натпреварите во плејофот.

Скопје, 24 март 2025 (МИА) – Фудбалските репрезентации на Турција, Грција, Србија и Белгија изборија настап во елитната дивизија во Лигата на нации, откако синоќа успешно ги комплетираа реванш натпреварите во плејофот.
Србија и Белгија настапуваа во А дивизијата и во минатото издание на Лигата на нации, додека Турција и Грција напредуваа од Б Лигата.
По триумфот на домашен терен од 3-1, Турција победи и на гостувањето во Будимпешта со 3-0 и со вкупен резултат 6-1 ја елиминираше Унгарија.
Грција пред своите гледачи претрпе пораз од Шкотска со 1-0, но на првиот дуел во Глазгов победи убедливо со 3-0.
Србија во Белград ја совлада Австрија со 2-0, откако првиот натпревар заврши нерешено 1-1.
Украина минатата недела на неутрален терен во Мурсија ја совлада Белгија со 3-1, но во реваншот во Брисел загуби со 3-0. ег
ФОТО: Фејсбук