• сабота, 23 ноември 2024

Грција и уште четири медитерански земји го ставаат Авганистан на агендата на советот за внатрешни прашања на ЕУ

Грција и уште четири медитерански земји го ставаат Авганистан на агендата на советот за внатрешни прашања на ЕУ
Атина, 16 август 2021 (МИА) – Земјите од групата МЕД-5, односно Грција, Шпанија, Малта, Кипар и Италија, бараат ситуацијата во Авганистан да биде ставена на агендата во среда на вонредниот состанок за внатрешни прашања на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција, петте медитерански земји, преку писмото од министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис до претседателот на Советот Алеш Хојс, бараат „да се разговара за вонредната ситуација во Авганистан и последиците што веројатно ќе ги имаат во мигрантското прашање земјите од првите редови, како и во целата Европската унија“. ср/ссм

Остани поврзан