• среда, 15 мај 2024

Грција испраќа 40 оклопни возила за Украина, кои ќе бидат заменети со германски

Грција испраќа 40 оклопни возила за Украина, кои ќе бидат заменети со германски
Атина, 16 септември 2022 (МИА) – Министрите за одбрана на Грција и Германија Никос Панајотопулос и Кристин Ламбрехт се договориле да бидат испратени во Украина 40 грчки оклопни возила ΒΜΡ-1, кои ќе се заменат со германски возила од типот Мардер, јави дописничката на МИА од Атина. Денешното соопштение од Министерството за одбрана на Грција доаѓа по одлуката од крајот на мај годинава на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и германскиот канцелар Олаф Шолц, за испраќање во Украина оклопни борбени возила од типот ΒΜΡ-1 со потекло од источна Германија, што Грција ги добила во 1994 година, а во исто време да се заменат со оклопни возила од типот Мардер што Германија ќе ѝ ги отстапи на Грција. ср/ми/

Остани поврзан