Групна изложба „Нашата визија за Европа - одржлив развој, интеграции и дезинтеграции“ во „КО-РА“
- Во рамки на културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, во галеријата „КО-РА“ вечер ќе биде отворена групната изложба „Нашата визија за Европа - одржлив развој, интеграции и дезинтеграции“.
Скопје, 9 мај 2025 (МИА) - Во рамки на културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, во галеријата „КО-РА“ вечер ќе биде отворена групната изложба „Нашата визија за Европа - одржлив развој, интеграции и дезинтеграции“.
На изложбата со свои дела учествуваат: Љубе Алексовски, Андријана Андреева-Aни Соро, Катарина Анѓелoвиќ, Сузана Арсова, Сашо Ацковски, Весна Радишиќ Ацковска, Билјана Билбилоска, Борјана Божиновскиа, Виктор Бранѓолица, Глигор Васков, Ивона Велковска, Гордана Винчиќ, Дана Данче Голубовска, Зулејха Аљи Зубери, Валентина Илијевска, Маре Јованова, Тања Јовчевска, Лиле Јовановска Арсова, Афердита Кики, Слаѓана Кировска, Лидија Коцева, Билгаиб Кочиште Биге, Шќипе Мехмети, Јорданка Мирковска, Месут Неби, Дијана Петкова, Игор Поп Трајков, Марија Роглева, Марија Светиева, Фросина Ставревски, Дита Старова Ќерими, Ерол Сулејмановски, Александар Ацо Таневски, Славица Танеска, Давор Тоциновски и Љубе Чаловски.
Куратор на изложбата е Виолета Калиќ.
- Оваа традиционална групна изложба обединува разнородни визии за интегрирање, и инклузија преку различни проекти во евроатлантските процеси во најразновидни сегменти, со иницијативи за заеднички проекти што непосредно ќе придонесат до напредок, прогрес,поквалитетно и похармонизирано опстојување на сите, не само земји членки на ЕУ,и земји кандидати,туку и на сите поединци кои живеат и творат на европскиот континент, па и пошироко, во рамките на катадневните процеси од глобален интерес и значење, препознавајќи ги,почитувајќи ги, и унапредувајќи ги хуманите вредности, заложби и потреби и на секоја единка одделно, вели за овој проект кураторката Калиќ.
Изложбата ќе биде збогатена со настап на хорот ХМД „Кочо Рацин"-Скопје под диригентска палка на Ангела Рајчиноска.са/лв/
Фото: плакат