• петок, 20 декември 2024

Група американски сенатори го поддржуваат законот за поголема контрола на оружјето

Група американски сенатори го поддржуваат законот за поголема контрола на оружјето
Вашингтон, 12 јуни 2022 (МИА) – Група американски сенатори составена од членови на Демократската и Републиканската партија денеска соопштија дека постигнале согласност за нацрт-законот со кој ќе се заостри контролата на оружјето во САД. Сенаторите додадоа дека ќе го поддржат и Законот за црвено знаме, правен акт кој ги спречува поединците кои покажуваат знаци на закана кон себе или кон другите да купат или поседуваат каков било вид огнено оружје. Тие исто така наведоа дека ќе бараат построги проверки на минатото на купувачите на огнено оружје помлади од 21 година и ќе го потиснат „купувањето слама“, мислејќи на случаите кога лицата кои имаат законска можност да купат огнено оружје тоа го прават за лица кои немаат таква можност. јт/

Остани поврзан