Групата М23 објави повлекување од Конго по барање на американската администрација
- Лидерот на М23, Корни Нанга, изјави на социјалните мрежи дека повлекувањето е „еднострана мерка за градење доверба за да му се даде на мировниот процес во Доха максимална шанса за успех“, објавија британските медиуми.
Увира, 16 декември 2025 (МИА) - Бунтовничката група М23, поддржана од Руанда, соопшти дека ќе се повлече од градот Увира, во источен Конго, на барање на американската администрација, која претходно го критикуваше заземањето на градот како закана за мировните напори.
Лидерот на М23, Корнејл Нанга, изјави на социјалните мрежи дека повлекувањето е „еднострана мерка за градење доверба за да му се даде на мировниот процес во Доха максимална шанса за успех“, објавија британските медиуми.
Бунтовниците и конгоанските сили планираат да се повлечат пет километри од Увира и да воспостават тампон зона.
Во претходните разговори со конгоанската Влада со посредство на Катар, САД ги осудија дејствијата на М23, додека Руанда негира дека ги поддржува бунтовниците и ги обвинува конгоанските и бурундиските сили за обновените борби.
Во извештајот на експертите на ОН во јули се наведува дека Руанда има команда и контрола врз М23.
Групата М23 во јануари зазеде два големи града во источен Конго, предизвикувајќи илјадници смртни случаи и раселување на стотици илјади луѓе, и оттогаш работи на воспоставување паралелна администрација во регионот. сд/мс/
Фото:ЕПА