• понеделник, 25 ноември 2024

Груби: Ќе има промена во Владата, на местото на Милевски доаѓа Пенов

Груби: Ќе има промена во Владата, на местото на Милевски доаѓа Пенов
Скопје, 3 октомври 2022 (МИА) - Секако дека ќе има промена, затоа што колегата Горан Милевски даде оставка и ЛДП го предложи Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, додавајќи дека за какви било други промени останува да одлучат лидерите на политичките партии. - Јас не сум тој што одлучува, јас сум тој што извршува. Јас сум во Владата за да извршувам, а не да размислувам по однос на овие прашања. Има кој размислува за тие прашања, има претседател на партијата, органи на партијата, кои што ги носат одлуките. Јас ги извршувам тие одлуки, рече Груби при посетата на Струга. Коментирајќи ја средбата на Блерим Беџети и Изет Меџити, кои се дел од т.н. „огнена група“ со независниот пратеник Кастриот Реџепи и дали постои можност за губење на парламентраното мнозинство, Груби одговори дека на земјата и треба стабилно парламентрано мнозинство и одговорност од сите кои треба да придонесат во реализација на целите за зачленување во ЕУ. фф/бак/

Остани поврзан