• недела, 22 декември 2024

Груби се сретна со германските пратеници Петри и Мијатовиќ: Германија го поддржува процесот на евроинтеграција

Груби се сретна со германските пратеници Петри и Мијатовиќ: Германија го поддржува процесот на евроинтеграција
Скопје, 5 февруари 2022 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска се сретна со германските пратеници Кристијан Петри (СПД), Борис Мијатовиќ од (Die Grünen) како и со директорот на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје, Рене Шлее, при што се заблагодари за големата поддршка што Германија и ја дава на нашата земја на европскиот пат. Како што соопштија од кабинетот на вицепремиерот, спорот со Бугарија и неговото решавање беше дел од разговорот меѓу Груби и германските пратеници Петри и Мијатовиќ. На средбата соговорниците размениja мислења, се посочува, и за подготвеноста на страните за постигнување достоинствен компромис меѓу двете земји. -Скопје и Софија водат конструктивен дијалог преку работни групи за да се постигне компромис кој нема да влијае на ниту една страна и би го овозможил очекуваниот чекор за земјата да може да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија, се наведува во соопштението. Интеграцијата во Европската Унија и патот полн со предизвици на Република Северна Македонија, исто така, се додава, биле дел од дискусијата на оваа средба. Германските пратеници, се посочува, ја изразија безрезервната поддршка која германската држава ја дава во овој поглед, додека вицепремиерот Груби изрази благодарност до Германија што договорот на новата владина коалиција во Берлин ја вклучува интеграција на Западниот Балкан во Европската Унија, со посебен акцент за Република Северна Македонија и Република Албанија. вг/

Остани поврзан