• четврток, 26 декември 2024

Средба Груби - Маркуш: Поддршка од Словачка на патот кон европската интеграција

Средба Груби - Маркуш: Поддршка од Словачка на патот кон европската интеграција
Скопје, 3 март - Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска оствари средба со амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш.

Во разговорот меѓу Груби и Маркуш беше констатирано дека билатералните односи меѓу двете земји се на исто ниво, но оти е потребно продлабочување на соработката во повеќе области. Се зборувало и за политичко-безбедносната состојба во земјата и регионот, процесот на интеграцијата, уставните измени. како и заедничкиот европски фронт формиран од политичките парти кои дејствуваат во европскиот дух.

Груби изрази благодарност за големата поддршка што Република Северна Македонија ја има од Република Словачка, додавајќи дека политиките ќе продолжат да бидат усогласени со земјите членки на НАТО и ЕУ.

Амбасадорот Маркуш ја истакна целосната поддршка за уставните измени и вклучувањето на бугарската заедница во Уставот, како и за продолжување на преговорите за членство во ЕУ.

Груби на средбата го претстави владиниот план за европскиот фронт и уставните измени и побара поддршка од Словачка, но и од другите земји од Европската Унија и Соединетите Американски Држави за реализација на интегративните цели.

Соговорниците разговараа и за дијалогот меѓу Косово-Србија и средбата на 17 март во Северна Македонија како пример за добри односи меѓу заедниците и храбри одлуки за ставање крај на споровите со соседите. сст/сп/

Остани поврзан