• недела, 22 декември 2024

Груби: Гласовите на ДУИ во вториот круг ќе одат за онаа партија која ќе се заложи претседателот на државата да се избира во Собрание

Груби: Гласовите на ДУИ во вториот круг ќе одат за онаа партија која ќе се заложи претседателот на државата да се избира во Собрание

Скопје, 14 април 2024 (МИА) - Претседателот на државата во иднина да се избира во Собранието, ова е условот за да се добијат гласовите на ДУИ во вториот круг по завршувањето на претседателските избори, вели вицепремиерот за координација на политички прашања на ресорите и министер за политички систем Артан Груби.

Во вчерашното интервју на ТВ Сител Груби, одговарајќи на прашањето на кого ДУИ би му ги дала гласовите во вториот круг од претседателските избори доколку нивниот кандидат Бујар Османи отпадне во првиот, рече тоа ќе биде онаа политичка партија која ќе се заложи претседателот на државата во иднина да се избира во Собранието.

Груби  на прашањето дали во моментов ДУИ е поблиску до коалиција со ВРМО-ДПМНЕ или со СДСМ, избегна конкретно да одговори велејќи „од денешен аспект најблиску сме до коалиција со народот“.

Во врска со евентуалните коалициски комбинаторики по завршувањето на парламентарните избори, Груби рече дека ДУИ, заедно со „Европскиот фронт“, на претстојните парламентарни избори цели на освојување 20 пратенички места. дма/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан